ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ФИРМАТА „ПАКОМАК„ СКЛУЧИЈА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА

Општина Гевгелија и друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак од Скопје, деновиве склучија Договор за соработка во процесот на собирање на отпад од пакување, со организирање на одделно собирање на отпадот кој претставува комунален отпад на територијата на општина Гевгелија.

Со овој договор се очекува да се воспостави систем за целосно, ефикасно, економски оправдано и одржливо интегрално управување и постапување со отпад од пакување, и тоа собирање,селектирање,транспортирање,рециклирање,преработка и отстранување на опадот. За таа цел на територијата на општина Гевгелија, на одредени локации ќе бидат поставени подвижни садови за одвоено  собирање на хартија,пластика и стакло, а собирањето  ќе го врши ЈПКД „Комуналец„, како овластен оператор за собирање комунален отпад.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________