ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА И ЗА 180 ПРВАЧИЊА

Новата учебна година во гевгелиските училишта започна со пригодни приредби за добредојде на 180 првачиња, колку што се запишаа во четирите основни училишта во општина Гевгелија.

На почетокот на училишната година, на свечените приредби за првачињата во ООУ „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија  Иван Франгов. Посакувајќи им успех во учењето, градоначалникот Франгов им посака здравје и многу петки во нивните сведителства, затоа што знаењето е најголемото богатство на еден човек, кое никој во животот нема да може да му го земе, нагласи Франгов и притоа на првачињата им подари училишен прибор.

Инаку, вчера започна и новата учебна година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, каде што во прва година се запишаа 193 ученика.

Учениците во сите училишта беа пречекани во обновени училници и кабинети, бидејќи во сите основни училишта и средноучилишниот центар во општина Гевгелија беа реализирани повеќе зафати за подобрување на условите за настава.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________