ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДИНЌУТ ПРЕЗЕНТИРАН ВО БАНСКО, БУГАРИЈА

Проектот за афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион, кој општина Гевгелија ќе го реализира заедно со Агенцијата за економски развој во Банско, а со финансиска поддршка на ИПА-ППС меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на гевгеличани повторно ќе им го врати туристичкото излетиште Динќут, но, со многу нови содржини.

Истовремено, овој проект ќе придонесе за афирмација на природните и културните вредности во општините Гевгелија и Банско. Секако и за унапредување на соработката во пограничниот регион, се вели во пораката што градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов  ја упати на вчерашната презентација на проектот во Банско, Бугарија, на која што присуствуваше и делегација од општина Гевгелија.

Во рамките на проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап", за кој од ЕУ е доделен грант од 215.312 евра, од кои за водечкиот партнер - општина Гевгелија 169.692 евра, предвидено е уредување на излетиштето Динќут кај Гевгелија во место за спорт, забава и рекреација. Со проектот е предвидено уредување на детско игралиште со поставување на реквизити и опрема за забава на деца - трамбулина, тобоган и лулашки, вештачка карпа за искачување, како и игралиште за мал фудбал. Покрај детското игралиште и игралиштето за мал фудбал, на Динќут ќе биде уредено уште едно детско игралиште со опрема од природни материјали - куќичка за деца, справа од јажиња, лулашки и слично.

Покрај ова, предвидено е уредување на фитнес зона и летно кино, како и поставување на трим патека опремена со реквизити за трчање и вежбање наменети за возрасната група на посетители, изработени целосно од природни материјали. Се разбира, и урбана опрема, канделабри, клупи, корпи за отпадоци, информативни табли и чешми, потоа, три летниковци со маси и клупи изработени од природни материјали, вклопени во конфигурацијата на теренот. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________