ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ПРОТИВ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА БЕГАЛЦИ

Советот на општина Гевгелија, со 11 гласови "за" ја усвои Предлог одлуката за недавање на согласност на Националната стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија и на Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017 - 2027 година, предложена од страна на градоначалникот Иван Франгов.

Со оваа Одлука општина Гевгелија не дава согласност за реализација на Националната стратегија за интеграција на бегалци и странци во РМ и на Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци во РМ 2017-2027 година, на територијата на општина Гевгелија. Општина Гевгелија категорично потврдува дека не поседува просторни, материјални, финансиски и човечки ресурси коишто би овозможиле згрижување и полесна интеграција на поголем број бегалци и странци на своја територија. Пред да се премине на гласање по Одлуката, градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов ги повика сите советници, без оглед на политичката припадност да ја подржат оваа одлука. Со не давањето согласност, истакна тој, нека од Гевгелија симболично започне семакедонското обединување, односно создавањето на една македонска платформа, со која македонскиот народ ќе ги обележи црвените линии во зачувувањето на својот национален интерес. 

- Република Македонија со ништо не придонесе за создавање на бегалската криза, не е ниту членка на Европската унија, па затоа мислам, дека решавањето на овој проблем не е задача на нашата држава, туку на сите оние кои со своите воени дејствија ширум светот го создадоа најголемиот егзодус во светот, после Втората светска војна, рече Франгов. И покрај неговиот повик Советот на општина Гевгелија, исто како и при донесувањето на одлуката за референдум против изградбата на рудници во гевгелиско, да покаже единство при гласањето, за одлуката гласаа сите 11 пратеника од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, советниците од коалицијата на СДСМ ја напуштија седницата, освен советникот Пеатр Апостолов од ЛДП, кој гласаше против и советникот Страшко Олумчев, кој иако присутен, не гласаше.

Оваа Одлука ќе биде испратена до Министерството за труд и социјална политика, со цел да се изземе општина Гевгелија од предложените мерки за интеграција на бегалци и странци, утврдени во Предлог-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ 2017-2027 година и Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, пред нејзиното усвојување и практична примена.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________