ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ ВО 2017 ВО ГЕВГЕЛИЈА

Од 28 август до 8 септември во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија се оддржува главната активност на Остен биеналето на наградени автори 2017 - Програмата за престој на уметници „Златен Остен“.

Во работата на оваа програма учествуваат 14 уметници од 8 земји во светот така покрај македонските сликари Милан АНДОВ, Марија СВЕТИЕВА, Васил ВАСИЛЕВ, Невзат БЕЈТУЛИ КИЦА, Атанас АТАНАСОСКИ и Мице ЈАНКУЛОВСКИ учествуваат Јоан БЕЛМАР, САД, Кристина ЅАНИ, Грција, Тијана КОЈИЌ и Јошкин ШИЉАН, Србија, Ген МОРИМОТО, Јапонија, Камелија ОТЕРО, Франција, Трајана ПАНАЈОТОВА, Бугарија,  Елпида ХАЏИ-ВАСИЛЕВА, Обединето Кралство.

На 7 септември во 20.20 часот, на терасата на хотел „Аполонија“, плоштад Гевгелија, ќе биде отворена изложба и ќе бидат доделени награди на уметниците - учесници на Остен биеналето на наградени автори 2017.

Остен биеналето на наградени автори 2017 е дел од Светската галерија на цртеж, концепт-манифестација која се состои од меѓусебно поврзани манифестации. Остен биеналето на наградени автори се одржува во непарните години) - биенална меѓународна манифестација каде централен настан е Програмата за престој на уметници Златен Остен,, изложбата на дела продуцирани во рамките на Програмата и објавување на наградите. 

Документираната збирка со над 10.000 уметнчки дела од над 2400 автори од 80 земји во светот е најголемото досегашно достигнување на Остен уметност на хартија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________