ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА РАЈКО КАРАШИЌ

Синоќа во галеријата на Народниот театар во Гевгелија беше отворена самостојната  изложба на фотографии на авторот Рајко Р. Карашиќ од Белград, Република Србија.

На изложбата на гевгелиската јавност и се презентирани 4 циклуси на фотографии на  овој реномиран фотограф, кој е чест гостин во Гевгелија. Токму како резултат на оваа соработка се одлучивме пошироката јавност да се запознае со творештвото на Рајко Каришиќ, рече на свеченото отворање на исложбата Дамјан Ѓуров, директор на Градската библиотека „Гоце Делчев“, кој е организатор на узложбата. 

-Творештвото на Рајко Каришиќ е импресивно и впечатливо, бидејќи покрај документарната фотографија, ни понудува и фотографии во кои преовладуваат и ликовни изрази. Тоа може да се види од изложените фотографии од манастирот Хиландар на Света Гора, како и од морските пејсаѓи. Се работи за уметник кој на фотографијата и дава душа и впечатлив ликовен израз, истакна на отворањето на изложбата ликовниот уметник Драги Хаџи Николов, нагласувајќи дека Рајко Каришиќ е редовен учесник на меѓународната ликовна колонија „Аполонија“ во Гевгелија.

Инаку, Карашиќ е роден на  05.11.1952 година во Врбас, каде што го започнува и своето школување.Дипломирал на Машинскиот Факултет на Универзитетот во Нови Сад, а со фотографија започнал да се занимава во Фото кино клубот „Машинец“ во 1973 година. До сега има приближно 50 самостојни изложби и повеќе од 100 групни изложби во Србија, но и надвор од неа, а активно учестувал и на повеќе од 70 Ликовни колонии. За својата севкупна работа на полето на уметничката и применетата фотографија добил повеќе признанија и награди.

Изложбата во Народниот театар во Гевгелија ќе биде отворена до 20 септември.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________