ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2017:ОИК ГИ ПОТВРДИ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ

Општинската изборна комисија ги потврди доставените листи за кандидати за советници и за градоначалник на општина Гевгелија.

Поднесени се пет кандидатски листи за советници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Народно движење за Македонија и една независна листа, како и две кандидатски листи за градоначалник. За кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е предложен актуелниот градоначалник Иван Франгов, а од СДСМ актуелниот пратеник Сашо Поцков. ОИК ги достави листите до ДИК, која по потврдувањето ќе ги објави.

Инаку, денес во ДИК ќе се изврши жребување на распоредот на листите на гласачките ливчиња. Листа на кандидати за членови на Совет и листа на кандидат за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини. Редоследот на кандидати во листата ДИК го утврдува со жрепка и тој е ист во сите општини, а во општината каде нема да има свој претставник соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Најдоцна до 21 септември, пак, општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Утре завршува и рокот од пет дена до кога политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список.  Избирачкиот список во кој се извршени сите промени отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември. ДИК го потпишува Избирачкиот список и изводите од него, најдоцна до 29 септември.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг од изборите е закажан две недели.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________