ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗВРШЕНО ЖДРЕБУВАЊЕ ЗА БЕСПЛАТНО ИСТАКНУВАЊЕ НА ПЛАКАТИ

Во салата на општина Гевгелија е извршено ждребување за плакатирање за локалните избори. По пат на ждрепка се определени местата на кои политичките партии и Група избирачи ќе можат бесплатно да ги истакнуваат изборните плакати со кандидати за градоначалници и за советници. 

Со одлука на Советот на општината во Гевгелија се утврдени три локации за бесплатно истакнување на изборни плакати: северната страна на оградата на Градскиот стадион, источната страна на оградата на стариот пазар и под надвзникот крај бензинската пумпа на влезот во Гевгелија. По ждребувањето од страна на претставниците на четирите политички партии и на една  Група на избирачи, утврден е редоследот на истакнување плакати. Така, Народни движење за Македонија ќе може да ги истакнува своите изборни плакати на местата под реден број 1, СДСМ на број 2, Група избирачи, предводена од ТомеЌичуков, под реден 3, ВМРО-ДПМНЕ под реден број 4, а Левица под реден број 5.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________