ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СТАТУАФЕСТ – УСПЕШЕН УЛИШЕН ФЕСТИВАЛ НА ЖИВИ СТАТУИ

Во Гевгелија во саботасе одржa уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“. Живите статуи се уметност која е застапена речиси во секој дел на Европа и воопшто во светот, апристигнаа и на гевгелиското шеталиште.

Седум изведувачи како живи статуи, го предизвикаа вниманието на гевгеличани. Но, исто така, и уличната танго - пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, што ја изведоа Марија Бејкова и Дарко Велјиќ. Успешна заокружница на целиот настан беше настапот на диџеј Чарли со својот сет.

Овој театарско-музичко-ликовен перформанс претставуваше вистинско освежување на Градскиот плоштад во Гевгелија.„Статуафест“ е поддржан од Министерството за култура на РМ, како дел од проектот „Нов културен бран“, а во Гевгелија се одржа во организација на - Домот на културата во Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________