ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НЕ СЕ УТВРДЕНИ НЕГАТИВНИ ВЛИЈАНИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ВРЕМЕНАТА ДЕПОНИЈА

На Јавната расправа по Студијата за оцена на влијанието на животната средина за изведување на проектот:Изградба на времена депонија за неопасен отпад на територијата на општина Гевгелија, инжинерот по животна средина Марјан Михајлов истакна дека не се утврдени значајни негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето.

Идентификуваните влијанија спаѓаат во стандардни влијанија кои може да бидат избегнати или намалени преку спроведување на идентификуваните мерки за заштита. Досегашната депонија кај Гевгелија, според Михајлов, е оценета како втора најризична депонија во Македонија, бидејќи е сместена во коритото на Сува Река без никакви заштитни мерки.

Новата времена депонија кај Ново Конско, во општина Гевгелија, ќе биде првата современа депонија за комунален отпад во Македонија и ќе претставува најсоодветно решение за досегашните проблеми на граѓаните на Гевгелија кои ги предизвикуваше дивата депонија. Новата депонија ќе биде изградена со сите неопходни заштитни мерки за околината. Отпадот секојдневно ќе се компактира и врз него ќе се поставува дневна покривка од земја со цел да се спречи разнесување и запалување на отпадот. Депонирањето ќе се врши во хидроизолирани услови со поставување глина и синтетички непропустливи материјали и во неа нема да се депонираат опасни материи, а депонијата ќе биде целосно заградена и обезбедена со чуварска служба.

Новата современа комунална депонија ќе се гради на површина од 2 хектари, со капацитет за складирање на 60.000 метри кубни отпад, односно по 50 тони отпад дневно. Проектот ќе се реализира преку УНДП и фининсиски средства од јапонски грант, кои беа доделени на општините што беа најмногу погодени од бегалската криза. Тендерската постапка веќе е завршена, а наскоро се очекува да започне и реализацијата на проектот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________