ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

БОГАТ СПОРТСКИ ВИКЕНД

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од кошаркарското првенство на Македонија кое заспочнува викендов . Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.

Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна од Гевгелија. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

Во првото коло, ждрепката сакаше да се сретнат двете екипи од Гевгелија, Кожуф и Блокотехна. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 Април“, во недела, 8 октомври, со почеток во 18 часот.

Во седмото коло на Втората македонска фудбалска лига, екипата на ФК „Кожуф„ ќе биде домаќин на екипата ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци. 

Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во сабота, на 7 октомври, со почеток од 14,30 часот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________