ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБУКА НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ИНЖИНЕРИ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Во Благоевград, Бугарија, се одржа обука во која учествуваа 10 техничари и инженери од Македонија и 10 од Бугарија, кои работат во полето на обновлива енергија и енергетска ефикасност.

Обуката беше организирана во рамки на проектот „Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија“ што го реализира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Сојуз на производители на еколошка енергија – БГ од Благоевград, Бугарија.

Учесниците на специјализираната обука на тема "Децентрализирани енергетски системи - изградба, работење и одржување" од Македонија и Бугарија беа обучувани од страна на експерти со долгогодишно искуство. Тие им помогнаа на учесниците да го зголемат знаењето и вештините, а исто така и да ја поттикнат размената на искуства, контакти и know-how меѓу експерти, специјализирани во областа на градење, работење и одржување на инсталации кои користат обновливи извори на енергија. Соларните инсталации, а особено покривните фотоволтаични системи, беа теоретски и практично обајснети. Обуката заврши со доделување на сертификати за учество. 

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Европската унија преку ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Р. Македонија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________