ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗЛЕЗЕ ОКТОМВРИСКИОТ БРОЈ НА „ГЕВГЕЛИСКИ МАГАЗИН“

Излезе од печат октомврискиот број на „Гевгелиски магазин“ кој е посветен на претстојните локални избори за градоначалник и членови на Советот на општина Гевгелија.

Покрај листите на кандидатите за градоначалник и за членови на Советот на општина Гевгелија, во магазинот се поместени текстови за резултатите од досегашните локални избори во општина Гевгелија. Исто така, објавен е и поширок текст за развојот на локалната самоуправа во општината по осамостојувањето на Република Македонија. Покрај ова во магазинот се одбележани и другите актуелности и настани кои се случиле во општината во текот на месец септември. На по две страни се регистрирани и културните и спортските настани. Во октомврискиот број на „Гевгелиски магазин“ е поместено и интервјуто со Пеце Подигачевски, млад гевгеличанец кој докторирал на Институтот Каптајн и живее во Холандија, каде  што ги изучува галаксиите стари неколку милијарди година. По повод 85 годишнината од формирањето на КУД„Танец“ од Миравци, со слика и збор, претставено е ова најстаро културно-уметничко друштво во Македонија, од настапот на меѓународниот фестивал во 1936 година во Лондон, па, се до денес.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________