ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА НОВИЦА ТРАЈКОВСКИ

Во  хотелот  „Аполонија“  беше отворена самостојна изложба на Новица Трајковски насловена како „Убава е Македонија“. При отворањето, ликовниот уметник Мирјана Крстева Масети истакна за авторот и неговите дела: „Визуелниот јазик на Трајковски шепоти, мечтае, раскажува за убавините на Македонија.

Со овој свој опус воодушевува со фините пастелни претопувања, доживеани низ лирските пејсажи. Вистинско патување низ необјатните станици на универзумот кое ги отвора портите на Убавината.Онаа возвишена убавина, безвременска... А времето, времето немо вибрира пред замрзнатите мигови од неговите портрети, кои најчесто се на негови пријатели“... 

Новица Трајковски е роден на 21 Декември 1962 година во Белимбегово (сегашно Илинден). Факултет за ликовна уметност има завршено во Скопје во 1988 година во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Самостојни изложби има остварено над 50 и многу групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Живее и работи како слободен уметник во родното Илинден.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________