ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СЕ ОДРЖА МУЛТИМЕДИЈАЛНИОТ АРТ ФЕСТИВАЛ „БОШ 2017„

На 21 и 22 октомври, во Народниот театар во Гевгелија  се одржa деветтото издание на мултимедијалниот арт фестивал БОШ 2017, кој се одржува во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.

Организаторите, Арт Еквилибриум понудија богата програма со изложби и концерти.Се помина во знакот на Прогласот на БОШ 9 кој помалку зборува, а повеќе кажува. Манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција“. Гевгелиската публика во Народниот театар можеше да проследи интересни содржини

 МИСТЕР МОРГЕН - изложба

Последниот стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофвбауер од Загреб за кој Нина Буњевац вели дека е„Чарлс Брнс на Балканот “. Овој мрачен и визионерски стрип инспириран од улиците на Нов Загреб е своевидна приказна за урбаните предградија на екс Југославија .... брут архитектура, бетон, мрачни сокаци, црни сенки и .... 

Базиран на комбинација од класичен американски андерграунд стрип и филм ноар, поп арт, германски експресионизам и руски конструктивизам „Мистер Морген“ e постапокалиптична приказна составена од 13 дела кои настанале во изминатите 10 години, без вишок на зборови, линии, точки или празни букви. Све е во функција на суштината. 

Игор Хофвбауер е еден од највозбудливите автори на Балканот кој стана познат по своите плакати за концертите во клубот Мочвара во Загреб.

ПЛАЗМА - изложба

Стрип на сито штампа во издание на La Dernier Cri од Марсеј кој неможе да се прераскаже, ниту пак категоризира. Луциден и визионерски го соголува човечкото тело не оставајќи простор за друга можност освен оваа овде и сега. Неверојатно оригинален Бернарда не води на едно поинакво патување низ естетиката. Гледајте подолго за да видите повеќе. Препрочитајте. И потоа сонувајте. Што неможе на јаве, нека се случи во сон. 

Бернарда Хилко дел од колективот Ново Доба, Крекхаус и Турбокомикс. Живее и работи во Белград/Загреб/Сплит/Париз.

Со концерти настапија и Неџо со својот најнов проект Mammoth&Yashem и Љупа како Lepi Xhoni.

За крај беше оставен сетот на DJ Jahvo со гараж бит, синт панк, шлагери, беванду, р’н’б, егзотик, ска, и хип хоп.. Настанот беше под покровилетство на Министерство за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________