ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И БИЗНИС ЛОГИСТИКАТА ВО 21 ВЕК

Факултетот за туризам и бизнис логистика со седиште во Гевгелија, на 24 и 25 октомври оваа година е домаќин и организатор на првата меѓународна конференција под наслов „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.

 

Деканот Никола Димитров информира дека на конференцијата учествуваат 60 автори на научни трудови од кои 42 домашни и 18 странски од Полска, Турција, Летонија, Србија, Бугарија и Косово.

Во текот на двата дена, посочи тој, беа презентирани 33 научни трудови од областа на туризмот, економијата, бизнис логистиката и менаџментот.

- Покрај презентацијата на трудовите,  имаше и постпрезентација на одреден број научни работници кои преку постери  ги прикажуваат придобивките од туризмот и бизнис логистиката во 21 век, рече Димитров.

Во текот конференцијата се организираше посета на туристичкиот центар Дојран со цел учесниците на конференцијата подобро да се запознаат со карактеристиките на Југоисточниот регион.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________