ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И СПОРТОТ

Општина Гевгелија ги објави конкурсите за финансирање на програми, проекти и манифестации од областа на културата и спортот во 2018 година. На конкурсот за финансирање на културните дејности, програми, манифестации имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, јавни установи од областа на културата основани од општина Гевгелија, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата.

 

Додека од областа на спортот ќе бидат финансирани на програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на општина Гевгелија:

-традиционалните спортски приредби и манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер;

-програмите, проектите и активностите на сите заинтересирани спортски субјекти кои ќе достават програми и проекти за организирање на манифестации и спортски настани од особен интерес за општина Гевгелија;

-програмите, проектите и активностите на спортисти-аматери, учениците во основните и средното училиште на подрачјето на општина Гевгелија

-спортско рекреативните активности на лица со посебни потреби;

Во Програмата ќе бидат опфатени оние проекти и програми кои врз основа на критериумите предвидени во Правилникот ќе обезнедат минимум 55 бода.

Општина Гевгелија ќе учествува во финансирање на програми, проекти и активности согласно законската регулатива и Правилниците за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од областа на културата  и спортот, кои се објавени на официјалната веб страна на општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk). При сумирањето на апликациите ќе бидат прифатени оние програми, проекти и активности кои врз основа на критериумите предвидени во Правилникот ќе обезбедат минимум 55 бода.

Пријавувањето на Конкурсот се врши со доставување на пополнета пријава (апликација).

Апликантите (освен јавни установи од областа на културата основани од општина Гевгелија), покрај пријавата, задолжително треба да ги достават следните документи:

-Документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на РМ и

-Потврда за отворена и активна жиро сметка.

Апликантите во прилог треба да достават и други документи поврзани со проектот (авторски договор со учесниците, покана за учество на фестивал и др.)

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во општина Гевгелија или од официјалниот веб портал на општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk.

Конкурсот ќе трае до 16.11.2017 година, односно 20 дена од денот на објавувањето. 

Пријавите треба да се достават до општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија, или во архивата на општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот (16.11.2017), со назнака „Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата за 2018 година“.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________