ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НАТПРЕВАР ПО ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Традиционалниот  квиз-натпревар по противпожарна заштита „Еден пожар помалку„ за учениците од четирите основни училишта, „Ристо Шуклев„, „Климент Охридски„, „Владо Кантарџиев„, „Крсте Мисирков„ и Средниот општински училишен центар „Јосиф Јосифовски„ во општина Гевгелија денеска се реализираше  во салата на хотелот „Аполонија„. 

Организатори беа Општинскиот противпожарен сојуз  од Гевгелија и општина Гевгелија.

Противпожарниот квиз-натпревар, како што информира Мите Карамитров, претседател на Општинскиот противпожарен сојуз, претставува важен дел  од едукацијата за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар.

Натпреварувачите ги поздрави и им посака успех во квиз натпреварот, градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Тој истакна дека опасноста од пожари од година во година се повеќе се зголемува поради глобалното затоплување и дека вакви натпревари придонесуваат за ширење на противпожарната култура меѓу младите.

Победник во кадетска конкуренција е екипата на ООУ „Климент Охридски„ од Миравци, додека во јуниорска конкуренција најдобри беа третата екипа на СОУ „Јосиф Јосифовски„ Победниците од овој квиз натпревар се стекнаа со право да учествуваат на Регионалниот квиз натпревар во Неготино, додека сите учесници добија како подарок по едно УСБ.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________