ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ИЗБРАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На втората седница на Советот на општина Гевгелија која  се одржа денес, 3 ноември (петок) 2017 година, советниците ги избраа претседателите и членовите на  комисиите на локалниот совет: 

 

За Претседател на Комисијата за статут и прописи беше избран советникот Ристо Камов, а за членови советниците Елизабета Јаневски, Даниела Иљкова, Тодор Ристов и Ангелинка Петкова. 

За Претседател на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина е избран советникот Тихомир Ручкоманов, а за членови се избрани советниците Ташко Дојчинов, Тодор Ристов,Андон Сарамандов и Игор Илков. 

Комисијата за финансирање, буџет и Локален економски развој ќе ја раководи советничката Магдалена Делковска а за членови се избрани советниците Митко Алчинов, Тихомир Ручкоманов, Марија Магдинчева Шопова и Андон Сарамандов. 

Претседател на Комисијата за образование, култура и спорт ќе биде советничката Елизабета Јаневски а како членови се избрани советниците Перо Стојанов, Виктор Кралев, Томе Ќичуков и Зоран Лазаревски. 

Претседател на Комисијата за здравствена и социјална заштита и заштита на децата наредните четири години ќе биде советничката Ангелина Петкова а членови ќе бидат советниците Елизабета Јаневски, Даниела Иљкова, Тихомир Ручкоманов и Трајче Арџанлиев. 

Со Комисијата за функционирање на системот на локалната самоуправа ќе раководи советникот Митко Алчинов а за членови се избрани советниците Магдалена Делковска, Перо Стојанов, Зоран Лазаровски и Игор Илков. 

За Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општина Гевгелија е избран советникот Марија Магдинчева Шопова а за членови се избрани советниците Даниела Иљкова, Магдалена Делковска, Снежана Ташевски и Ристо Камов.

На крајот на седницата, за збор се јави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Тој им го честита изборот на претседателите и членовите на локалните комисии, им посака успешна работа и нагласи дека со денешниот избор се создадени услови веќе од наредната седница, Советот да работи под полна пареа. Ги покани сите советници да присуствуваат на настаните кои се организираат по повод одбележувањето на  7 Ноември, Денот на општина Гевгелија.  Достоинствено да го одбележиме овој значаен празник, истакна тој, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме на остварување на сето она што им го ветивме на сите граѓани на општина Гевгелија. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________