ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

„ФОЛКЛОРНИОТ ЃЕРДАН„ ЈА ВООДУШЕВИ ПУБЛИКАТА

Одбележувањето на Денот на општина Гевгелија - 7 ноември започна на  3 ноември (петок) со традиционалната фолклорна манифестација  ФОЛКЛОРЕН ЃЕРДАН, што ја организираа Пионерскиот дом и општина Гевгелија во Народниот театар.

Организаторите на овој настан, се погрижија оваа вечер да остане во пријатно сеќавање на сите љубители на фолклорот. На сцената на Народниот театар настапија четири ансамбли кои ја прикажаа целата убавина на македонскиот фолклор - „Бојмија„ и „Танец„ од Гевгелија , и двата ансамбла од Богданци. „Мегдан„ и „Бранд Петрушев„. Интерес предизвика и настапот на  гостите од Република Србија  КУД „Свети Сава„, кои настапија на покана на ансамблот „Бојмија„. Како изненадување,организаторот приреди и ревија на народни носии.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________