ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОТВОРЕНА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ УМЕТНИЦИ

Традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија по повод празникот на општина Гевгелија, 7-ми Ноември беше свечено отворена во саботата во Ликовната галерија „АМАМ„.

На изложбата со свои дела  се претставуваат гевгелиските ликовни уметници од сите генерации: Александар Јанев, Мирјана Крстева Массети, Перо Кованцалиев, Дане Јанев, Атанас Крстев, Иван Кал,чев, Борис Петров, Никола Бутров,Дамјан Ѓуров,Гордана Хаџи-Николова Малашев,Вангел Срнаков, Сотир Хаџи-Николов, Драги Хаџи-Николов, Горан Јованов и Миле Ничевски. Во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков,советници во Советот,уметници и голем број на љубители на уметноста,изложбата ја отворија Александар Јанев,претседателот на ДЛУГ и Ташко Дојчинов,претседателот на Советот на општина Гевгелија. Александар Јанев, во своето обраќање истакна дека Друштвото и оваа година, со отворање на традиционалната Годишна изложба на своите членови, дава скромен допринос кон одбележувањето на општинскиот празник. Претседателот на Советот на општина Гевгелија, поканувајќи ги присутните да ги разгледаат изложените дела, ја истакна определбата на општина Гевгелија и натаму да ги помага проектите на сите уметници кои творат во општината преку годишните програми за култура.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________