ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „МИТОТ И СТВАРНОСТА ЗА РУСАЛИИТЕ„ ОД ДАНИЕЛА ЏИШЕВА

Во рамките на одбележувањето на општинскиот празник 7 Ноември,  беше промовирана книгата „Митот и стварноста за русалиите„ од Даниела Џишева.Се работи за магистерски труд на Даниела Џишева, професор во Средниот општински училишен центар „Јосиф Јосифовски„ во Гевгелија, во која таа ги проучува појавата, трансформацијата и исчезнувањето на русалиите во македонската народна книжевност.

Промоторот на книгата Киро Козаров, во своето обраќање пред присутните, истакна дека Џишева напишала прекрасен труд, кој го поделила во три дела. Во првиот, таа го објаснува потеклото на името русалии, и го врзува со розата, кој во римско време била поврзувана со празникот на Духовите. Исто така ја објаснува и организационата поставеност на русалиските групи, кои во текот на „некрстените денови„ од 7 до 18 јануари шетале низ селата, играле околу куќите и со тие пагански обичаи, ги растерувале злите духови од луѓето, стоката и плодовите. Во вториот дел, авторот ги опишува русалиските ора и игри, додека во третиот се задржува на одумирањето на русалиството во народната книжевност, но и потребата да се продолжи со проучување на оваа појава која е специфична во светот. Учесници во пригодната програма во режија на Силвестер Проле беа: Фолклорниот ансамбл „Мегдан„ од Богданци, Хорска група под диригентската палка на Илија Атанасов, како и Александра Атанасоска Петкова, Катица Џишева Дупарова, Каме Ќаев и Јулија Костаќева.Техничката подршка беше на Тони Аврамов.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________