ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА НЕ ГО УСВОИ КВАРТАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ

Советот на општина Гевгелија на денешната трета по ред седница не го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија во периодот јануари-септември 2017 година.

Имено, во првиот годинашен квартал реализирани се вкупно 301.230.948 денари приходи што претставува само 34,5% од вкупно проектираниот буџет на општината во 2017 година. Од планираните приходи на основниот буџет биле реализирани 148.696.527 денари или 27,7%, додека најголем процент на реализација е забележана во приходите од дотации. Од планираните 132.488.754 денари биле реализирани 66,3%.

Во првото полугодие од годината во општина Гевгелија биле реализирани 282.276.537 денари расходи и тоа, тековно оперативни расходи биле 185.556.544 денари, а капитални расходи 96.499.993 денари. Вкупно прикажаните ненамирени обврски на општината според добиените фактури и ситуации до 30 септември годинава изнесуваат 101.455.094 денари.

Во расправата на седницата учествуваше и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој појасни дека на денот на преземањето на градоначалничката фунција,  на 25 октомври годинава, вкупно ненамирените обврски на општината, односно побарувања на фирмите  изнесувале 125.000.000 денари или околу 2 милиони евра. Ваквата состојба не не обесхрабрува, но, ни налага заеднички, со Советот на општината да се залагаме за нејзино надминување. Пред се, ќе настојуваме преку  поголемо залагање и ангажирање, прибирање и будно следење на сите општински приходи, но, и поголемо организационо и кадровско екипирање на општинската администрација да обезбедиме нормално финансиско функционирање на општината, - рече Поцков.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________