ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА САШО ПОЦКОВ

Почитувани сограѓани,

Многупати ја чувме изреката дека вистината е како шило.

И многупати се уверивме декаистата е точна. Несомнено, порано или подоцна вистината ќе излезе на виделина.Изминативе   години   многупати   и   на   различни   начини   прашувавме,   укажувавме   ипредупредувавме. Се уморивме повторувајќи дека долгот на општина Гевгелија станува се’ поголем, дека трошењата на парите на граѓаните не се продуктивни, дека со општината не   се   управува   на   домаќински   начин...   Посочувавме   на   фактот   дека   проекциите   заекономскиот   раст   не   се   реални.   Од   година   во   година   согледувавме   дека   јазот   меѓу самофалбите и фактите станува се’ поширок. Дека едно се зборуваше, а друго се правеше.За жал, тогашната локална власт не обрнуваше внимание на добронамерните забелешки на граѓаните, невладините организации и политичките партии. Напротив и покрај сите напори, минатата власт продолжуваше на истиот начин неодговорно и недомаќински да располага со парите на граѓаните. Почитувани,На 25 октомври- денот кога ја презедов функцијата градоначалник- долгот на општина Гевгелија   изнесуваше  4  милиони   евра,   а   на   сметката   имаше   само   550.000   денари.Општината во овој момент должи 125.567.000 денари кон приватните фирми, а очекуваме да пристигнат и нови фактури. По основ на кредитни задолжувања општината должи 2 милиони евра. Општината должи и над 3 и пол милиони денари и кон спортските клубови,културните друштва и здруженијата на граѓани на име одобрени средства за програмите од 2017 година. Деновиве падна и првата тужба од  кошаркар од Кошаркарскиот клуб Кожуф за неисплатени обврски за минатата сезона.Сево ова зборува колку е ситуацијата сериозна и алармантна. Да објаснам посликовито: општина Гевгелија должи два годишни основни буџети! Поради сево ова, општината ќе мора да заземе поинаков начин на управување со парите на граѓаните. Од сега па натаму ќе мора да се работи домаќински и одговорно затоа што ќе мора да го санираме долгот, но и да го одржиме тековното работење и да создадеме проекти и решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Новата локална власт е вомногу сложена ситуација: од една страна треба да работиме на враќање на долговите, но од друга страна- развојот на општината не смее да запре и ветените проекти мора да бидат реализирани.

Во   насока   на   ова,   наскоро   сите   јавни   набавки   на   општина   Гевгелија   ќе   бидат   јавно достапни   преку   веб   страницата   на   општината.   Ветивме   целосна   транспарентност   на нашето работење и тоа ветување и ќе го исполниме. Го повикуваме и Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на досегашното работење на општината со цел да се утврди како и каде се потрошени парите на граѓаните и како е направен толкав долг. Почитувани,   ситуацијата   во   која   се   наоѓаме   не   е   ни   малку   лесна.   Сепак,   ние   не   се обесхрабруваме.   Ќе   работиме   посветено   и   решително   за   да   овозможиме   подобар   и подостоинствен живот за сите во Гевгелија. Со денешниот прес сакаме да го отпочнеме процесот на обезбедување целосна транспарентност на работење на локалната власт како во однос на сегашното работење така и во однос на минатото работење.

Ви благодарам

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________