ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

САНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ

Обилните врнежи на дожд во Гевгелија и општината предизвикаа проблеми на одделни локални патни правци и гевгелиски улици. Комуналните служби и градежната механизација веќе работат на теренот за санирање на состојбата. Градежната механизација на „Карго нет“, која по пат на тендер е ангажирана за зимско одржување на патиштата, работи на расчистувањето на одроните на патот за Серменин и патот за Ума.

 Додека пак комуналните служби на ЈПКД„Комуналец“ работат на санирање на вдлабнатината што се појави на влезот во Негорци. Истовремено, на двапати се прочистени сливниците на улицата „Слободан Митров-Данко“ и другите околни улици каде што се насобрале поголеми количества на вода.

Во врска пак со проблемот на улицата „Ѓорги Стамов“ и неистечените води пред влезот на ОУ„Владо Кантарџиев“ од Секторот за доводот при ЈПКД„Комуналец“ и општинските инспекциски служби е побарано. По извршениот увид, да се предложи и реализира најсоодветно решение за овој проблем.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________