ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СИСТЕМ 48:САНИРАНИ СИТЕ ДЕФЕКТИ НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ

На денешната јавна презентација на Систем 48, на која присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и раководителите на општинските одделенија и сектори во ЈПГД„Комуналец“, беше соопштено дека во првата половина од ноември од страна на граѓаните биле пријавени 12 барања.

Најголемиот број од пријавените барања се решени веднаш, а се однесуваат на работењето на ЈПКД„Комуналец“, јавното осветлување и инспекциски надзор. Во извештајниот период биле извршени 79 интервенции на уличното осветлување во сите населени места, така што сите пријавени дефекти се отстранети. Од страна на Секторот за водовод и канализација при ЈПКД„Комуналец“ биле извршени 12 интервенции на уличните водоводни линии и 15 за одзатнување на канализационите приклучоци. Што се однесува пак до урбанистичките планови, беше соопштено на презентацијата, во постапка се 21 ДУП и 6 урбанистички планови за и вон населено место и една локална урбанистичка документација. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________