ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ХУМАНИТАРЕН БАЗАР И КОНЦЕРТ ЗА ПОМОШ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО СОУ „Ј.ЈОСИФОВСКИ“

Во текот на вчерашниот ден, четврток, 16 ноември, во  СОУ "Јосиф Јосифовски" во Гевгелија, Средношколската училишна заедница организираше  хуманитарен базар во холот на училиштето. На базарот, кој предизвика голем интерес меѓу учениците и вработените, беа изложени прехранбени производи изработени од самите ученици. 

Средствата кои беа собрани, ќе бидат наменети на  учениците од училишниот центар, на кои им е неопходна финансиска поддршка. За иста цел, ќе бидат наменети и приходите од вечерашните два концерти во Народниот театар во Гевгелија во рамките на Детските регионални фолклорни смотри за Источниот регион. Организатор на смотрите е КУД Негорци, со подршка од општина Гевгелија, а на  смотрите ќе настапат КУД Младост од Јосифово, КУД Бранд Петрушев од Богданци, Фолклорен ансамбл Кочани од Кочани, Фолкорен ансамбл Мегдан од Богданци, Фолкорен ансамбл Ацо Ѓорчев од Неготино, Ансамблот Бојмија од Гевгелија, КУД Карпош од Крива Паланка, КУД Негорци и Фолкорниот ансамбл Китка од Истибања. Концертите започнуваат во 17.30 и во 19.30 часот, а приходот од билетите ќе биде наменет за учениците на СОУ„Ј.Јосифовски“ на кои им е неопходна финансиска поддршка.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________