ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕРМАНСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВААТ СОРАБОТКАТА ОКОЛУ УПРАВУВАЊЕТО СО ОТПАДОТ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков оствари средба со претставниците на ГИЗ (Германската агенција за развоји соработка) на која стана збор за натамошната соработка. Имено, ГИЗ за време на бегалската криза ја понуди и обезбеди помош за општина Гевгелија Гевгелија во справувањето со депонијата.

Пред се, обезбедување услови за складирање на комуналниот отпад на постојната депонија. Од страна на помладиот проект координатор на ГИЗ Ивана Пановска беше информирано за можноста од вклучување на општина Гевгелија во мрежата на локалните власти на Југои-Источна Европа (НЕЛАС) преку новите проектни програми. Посебно, во обезбедувањето на логистичка поддршка, пред се, за учество и комплементирање во веќе тековните проекти, како што е изградбата на Времената депонија за неотровен отпад.

Од страна на градоначалникот Поцков беше нагласена заинтересираноста за продолжување на соработката со ГИЗ и изразена можност за нејзино насочување кон проектирањето и реализирањето на примарната и секундарната селекциона линија во новата Времена депонија, како и затворањето на досегашната депонија.

На средбата беше констатирано да бидат конкретизирани активностите за соработка меѓу ГИЗ и општина Гевгелија во наредниот период.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________