ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА И КРЕДИТ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ГО ДОГРАДУВА СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

Советот на општина Гевгелија донесе одлука - општина Гевгелија да обезбеди сопствено учество за доградба на СОУ„Јосиф Јосифовски“, проект за чија реализација Светска банка веќе одобри кредит.

За изградба на нови 14 училници во западното крило од овој средноучилишен центар Светска банка одобри кредит од 34.700.320 денари. Меѓутоа, конечната проценка на проектот, по извршените дополнителни ИЗИС истражувања, покажала дека вкупната вредност на инвестицијата изнесува 38.359.843 денари.

Оттука и потребата општина Гевгелија да обезбеди 3.659.523 денари како сопствено учество во реализацијата на овој проект.

Со реализацијата на овој проект ќе се обезбедат нови 14 училници во западното крило од училиштето, на два ката, кои ќе обезбедат едносменско работење и значително намалување на трошоците.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________