ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ„ НА ФЕСТИВАЛОТ „УТРИНСКА ЗВЕЗДА„

По третпат учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија ќе настапат на МФИ „Утринска ѕвезда“ 2017, во Банско, Р Бугарија од 30 ноември до 3 декември. Оваа година на Фестивалот ќе земат учество драмската група „Титанија“, под раководство на професорката Жаклина Атанасова, со претставите „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ и „Дон Жуан“ од Ж. Б. П. Молиер; средношколскиот мешан хор, под раководство на маестро Илија Атанасов и драмската група „Дон Кихот“ со проф. Даниела Џишева.

 Фестивалот има четири годишни изданија, во Албена, Софија, Перник и Банско, а работи под заштита на УНЕСКО. Секоја година на овој фестивал учествуваат илјадници натпреваривачи во различни уметнички категории. Нашето училиште минатата 2016 година на истиот фестивал освои три сребрени медали (за драмската група „Титанија“, која во 2015 година освои и бронзен медал, за училишниот хор и за камерниот вокален состав „Ројалс“ составен од професори во Училиштето). Учениците  во своите подготовки за Фестивалот изведоа пет прикажувања на драмските претстави „Сомнително лице“ и „Дон Жуан“, на 27., 28. и 29. 11 2017 г. во Народниот театар во Гевгелија. При тоа претставата ја посетија учениците од основните училишта „Ристо Шуклев“ од Негорци, „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“, како и поширокото граѓанство.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________