ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НОЌ НА РОМАНТИЧНА МУЗИКА СО ПИЈАНИСТКАТА НИНА КОСТОВА

Во организација на фондацијата „Аполонија„ утревечер, петок, 1 декември 2017 година, во хотелот „Аполонија„ ќе се одржи ноќ на  романтична музика, на која  ќе настапи еминентната пијанистка Нина Костова. На нејзиниот репертоар ќе се најдат дела од Петар Илич Чајковски и Роберт Шуман. 

Нина Костова е македонска пијанистка, доцент на Катедрата за клавишни инструменти и харфа при Факултетот за музичка уметност од Скопје. Таа во својата биографија запишува голем број значајни награди на престижни национални и интернационални натпревари. Нејзината активна изведувачка дејност ја носи на концертните сцени во Франција, Италија, Англија, Турција, Бугарија, Србија и други земји. Чест гостин е и на фестивалот „Охридско лето“, каде настапувала со камерните оркестри „Московиа“ и „Свети Ѓорѓе“.

Концертот започнува во 19 часот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________