ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ РАСПРАВА ПО НАЦРТ БУЏЕТОТ ЗА 2018

Советот на општина Гевгелија на 7 декември.2017 година (четврток) ќе расправа по Нацрт-Буџетот на општина Гевгелија во 2018 година.

За работа на седницата, која започнува во 12 часот, претседателот на Советот Ташко Дојчинов го предложи следниот дневен ред:

1.Нацрт-Буџет на општина Гевгелија за 2018 година,

2.Нацрт-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2018 година.

3.Нацрт-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2018 година,

4.Нацрт-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2018 година,

5.Нацрт-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2018 година,

6.Нацрт-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2018 година,

7.Нацрт-Програма за одржување на јавната чистота во општина Гевгелија за 2018 година,

8.Нацрт-Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација и згрижување на бездомни животни во општина Гевгелија за 2018 година,

9.Нацрт-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2018 година,

10.Нацрт-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)-Гевгелија за 2018 година,

11.Нацрт-Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2018 година,

12.Нацрт-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2018 година,

13.Нацрт-Програма за активностите во областа на социјалната заштита во општина Гевгелија за 2018 година,

14.Нацрт-Финансов план на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија по ставки и потставки за 2018 година,

15.Нацрт-Финансов план на ООУ "Владо Кантарџиев"-Гевгелија по ставки и потставки за 2018 година,

16.Предлог-Финансов план на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија по ставки и потставки за 2018 година,

17.Нацрт-Финансов план на ООУ "Ристо Шуклев"-Негорци по програми и потпрограми за 2018 година,

18.Нацрт-Финансов план на ООУ "Климент Охридски"-Миравци за 2018 година,

19.Нацрт-Финансов план на ООМУ "Васо Карајанов"-Гевгелија по програми и потпрограми за 2018 година,

20.Нацрт-Финансов план на  ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија за 2018 година,

21.Нацрт-Финансов план на  ЈОУ Дом на култура "Македонија"-Гевгелија за 2018 година,

22.Нацрт-Финансов план на ЈОУ Пионерски дом "Јосип Броз-Тито"-Гевгелија за 2018 година,

23.Нацрт-Финансов план на ЈОУ Работнички универзитет"Кирил и Методија"-Гевгелија за 2018 година,

24.Нацрт-Финансов план на  ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија за 2018 година,

25.Предлог-Решение за именување членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот на општина Гевгелија за 2018 година,

26.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација на земјиштето на КП бр.1577 КО Серменин (барател: Снежана Бикова од Гевгелија),

27.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација на земјиштето на КП бр.1656 КО Серменин (барател: Виолета Танева од Гевгелија),

28.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација на земјиштето на КП бр.657 КО Конско (баратели: Ѓорги Ќорнаков и Никола Ќорнаков од Гевгелија),

29.Предлог-Мислење од Советот на општина Гевгелија до Уставниот суд на РМ, по иницијативата на Државниот инспекторат за локална самоуправа при МЛС за оценување на законитоста на Одлуката за распишување референдум на локално ниво во општина Гевгелија, донесена од Советот на о.Гевгелија на ден 06.09.2017г.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________