ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ НА ЦЕНТАРОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА„

По повод 3_ти декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков го  посети центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“ во Гевгелија. 

Притоа, градоначалникот Поцков на посетителите на центарот им подари средства кои ќе им послужат во работната терапија, а разговараше со дел од вработените и родителите. Тие го информираа за работата и предизвиците со кои се соочуваат овие лица, нивните семејства и самиот центар „Мајка Тереза“ Имено, центарот го посетуваат 30 деца со посебни потреби, кои во текот на денот се дружат и обавуваат различни активности како работна терапија. 

-Општина Гевгелија ја поддржа иницијативата за отворањето на еден ваков центар, а ќе настојува и во иднина да го помогне развојот на центарот и на децата со посебни потреби. Покрај обезбедениот бесплатен превоз за лицата со посебни потреби, кои го посетуваат Дневниот центар за деца со посебни потереби,  ќе се заложиме и за поддршка на активностите што ги обавува центарот „Мајка Тереза“. Бидејќи тоа е наша обврска и одговорност, да посветиме поголема грижа за овие наши сограѓани, изјави градоначалникот Сашо Поцков, при посетата на Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________