ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ФОРУМ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СТРУГА.ОПШТИНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОГОЛЕМИ ОВЛАСТУВАЊА И ФИНАНСИИ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков учествуваше на Форумот на градоначалници, што ја организираше Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), а се одржа во Струга.

Конференцијата е дел од програмата за децентрализација „Унапредување на општинското владеење“, финансирана од Европската унија.  Речиси 200 претставници од локалната и централната власт учествуваа на овој  форум за градоначалници. За време на Форумот 79 градоначалници имаа можност на едно место и во отворен дијалог со премиерот Зоран Заев и министрите да дискутираат за приоритетите и потребите на општините. „Разговарајте со граѓаните и граѓанското општество на искрен начин и со почит. Излезете надвор, слушнете ги вашите сограѓани што имаат да кажат и заеднички најдете ги решенијата“, рече Заев, кој не само што ги претстави владините приоритети туку сподели и совети и искуства од дванаесетгодишното искуство на локално ниво како градоначалник на Струмица. „Локалните заедници се срцето на развојот и демократијата“, рече постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Општината е местото каде што се создава квалитетот за животот на граѓаните.” 

Самуел Жбогар, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека патот кон решавање на локалните проблеми е тежок, но води кон подобар живот за граѓаните. Премиерот Заев најави дека Владата ќе работи заедно со градоначалниците за вистинска децентрализација преку пренесување на надлежностите и обезбедување поголемо финансирање за локалниот развој. „Не постои причина зошто капиталните инвестиции, на пример, во образованието, да не бидат во рацете на општините или планските региони. Вие подобро знаете каде се потребни пари“, рече Заев. Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, вети дека ќе работи на создавање услови за финансиска стабилност на општините и проширување на надлежностите, кои може поефикасно да се спроведуваат на локално ниво. Форумот ги отвори прашањата што ги мачат поголемиот број општини, недостиг на финансиски и човечки ресурси, а некои од општините се во долгови и со блокирани банкарски сметки.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________