ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЧЕТИРИ МЕДАЛИ ЗА АКТЕРИТЕ И ХОРИСТИТЕ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ„ НА ФЕСИВАЛОТ ВО БАНСКО

По третпат учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија настапија многу успешно на МФИ „Утринска ѕвезда“ 2017, во Банско, Р Бугарија од 30 ноември до 3 декември. Оваа година на Фестивалот зедоа учество драмската група „Титанија“, под раководство на професорката Жаклина Атанасова, со претставите „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ и „Дон Жуан“ од Ж. Б. П. Молиер; средношколскиот мешан хор, под раководство на маестро Илија Атанасов и драмската група „Дон Кихот“ со комедијата „Кројач за дами„ од Жорж Фејдо во режија на  проф. Даниела Џишева. 

Драмската група „Титанија" освои два бронзени медала за „Дон Жуан" и „Сомнителни лице"; Сребрен медал освои средношколскиот мешан хор и златен медал за драмската група „Дон Кихот" и „Кројач за дами"!

Фестивалот има четири годишни изданија, во Албена, Софија, Перник и Банско, а работи под заштита на УНЕСКО. Секоја година на овој фестивал учествуваат илјадници натпреваривачи во различни уметнички категории. Нашето училиште минатата 2016 година на истиот фестивал освои три сребрени медали (за драмската група „Титанија“, која во 2015 година освои и бронзен медал, за училишниот хор и за камерниот вокален состав „Ројалс“ составен од професори во Училиштето).

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________