ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ

Во центарот на Гевгелија Општина Гевгелија ќе бидат поставени контејнери за селектиран отпад. Имено, општина Гевгелија во соработка со друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК од Скопје започна со кампања за подигање на јавната свест во врска со целите и придобивките од собирањето и селекцијата на отпадот од пакување како и правилното постапување со истиот односно неговата преработка и рециклирање.

 За потребите на оваа кампања во ЈПКД „Комуналец„  веќе се донирани 20 контејнери, од кои десет за собирање на хартија и десет за собирање пластика и лименки, кои во наредниот период ќе бидат распоредени во централното градско подрачје. Исто така набавени се и 50 помали контејнери кои ќе се распределат на училиштата и јавните институции во општина Гевгелија. Со оваа акција се очекува да се воспостави систем за целосно, ефикасно, економски оправдано и одржливо интегрално управување и постапување со отпад од пакување-собирање, селектирање, транспортирање, рециклирање, преработка и отстранување на отпадот. Правата и обврските околу собирањето, сервисирањето на собирните пунктови ке бидат регулирани помеѓу ПАКОМАК од Скопје и ЈПКД Комуналец од Гевгелија.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________