ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ „РУДНИЦИ-ДА ИЛИ НЕ?

Во Струмица се одржа Регионален форум насловен како „Рудници - да или не?“ организиран од невладината организација Цивика Мобилитис, а во чија работа учествуваа  градоначалниците на општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, како и претставници на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и на граѓанските асоцијации. 

Учесниците на форумот имаа прилика да ги искажат ставовите и да поразговараат со граѓаните и граѓанските организации, јасно пренесувајќи го ставот: Не за рудниците, Да за животот за сите!Дискусијата се фокусираше на актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање на рудници. Иницијативите против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Невладините организации тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за задравјето на луѓето. Се ова ќе води до нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________