ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО ГЕВГЕЛИЈА ЦЕНАТА НА КОМУНАЛНИТЕ УСЛУГИ НАМАЛЕНА, НО СЕ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Гевгеличани годинава ќе плаќаат поевтини комунални услуги, односно сметката за вода за пиење и за собирање и одведување на урбани отпадни води ќе биде пониска. Но, вкупните трошоци за комунални услуги, сепак, ќе се зголемат поради новововедената услуги за прочистување на отпадните води. Советот на општина Гевгелија на последната седница во минатата година даде согласност на одлуките на ЈПКД„Комуналец“ за цената на комуналните услуги. Цените се пресметани според дозволената рамка од страна на новоформираната Регулаторна комисија, а врз основа на материјалното работење, направените трошоци и обврски на јавните комунални претпријатија во земјата.

 

Така, домаќинствата во општина Гевгелија во 2018 година за кубик потрошена вода за пиење ќе плаќаат 14,46 денари за метар кубен наместо досегашните 13,9 денари. Додека пак правните лица за потрошен кубик на вода за пиење ќе плаќаат по 29,21 денар за метар кубен. Затоа, пак, домаќинствата за собирање и одведување на урбаните води наместо 5,5 денари за метар кубен, годинава ќе плаќаат по 3,6 денари. Цената за собирање и одведување на урбаните води за правните лица е намалена од 11 денари на 6,43 денари за метар кубен. Оттука, граѓаните на општина Гевгелија за комуналните услуги  годинава ќе плаќаат два денари помалку, односно наместо 19,14 денари ќе плаќаат 17,62 денари за вкупните комунални услуги.

Намалувањето на трошоците за комунални услуги се должи на намалените материојални трошоци, немањето обврски и позитивното финансиско работење на ЈПКД„Комуналец“, што влијаеше на пресметките направени од страна на Регулаторната комисија.

Од 2018 година во Република Македонија за прв пат се воведува нова комунална услуга -  прочистување на отпадните води. Цената и тарифа на оваа услуга во општина Гевгелија според изработената физибилити студија и потврдените критериуми од страна на швајцарските консултанти за Пречистителната станица станица во Гевгелија, која веќе е во функција. Цената на новата услуга за домаќинствата ќе изнесува 13,37 денари, а за правните лица 27,23 денари за метар кубен прочисени отпадни води. 

Во ЈПКД„Комуналец“ нагласуваат дека по шест месеци цената може да биде намалена, во зависност од трошоците и другите параметри кои влијаеја за одредување на цената.

Советот на општина Гевгелија едногласно ги поддржа одлуките за цените на водата за пиење и за собирање и одведување на урбаните води, додека со мнозинство гласови беше дадена поддршка на одлуката за цената на прочистување на отпадните води.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________