ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НА 6 ЈАНУАРИ „БАДНИКОВА ПОВОРКА“ И ВО ГЕВГЕЛИЈА

Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ на 6-ти Јануари 2018-та ќе се одржува низ улиците на сите градови во Македонија, а за прв пат Гевгелиската парохија ќе ја организира оваа возобновена православна традиција на свечено, величествено и достоинствено најавување на Христовото Раѓање и во нашиот град Гевгелија. Околу осумдесеттина деца од нашата општина веќе неколку дена во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј„, ја подготвуваат песната „Вечниот Бог„, која ќе ја пеат во сабота, додека ќе ја носат пригодно изработената пештера  со која е претставено Рождеството Христово.

Бадниковата поворка ќе тргне во 10 часот, на 6 јануари, од пред црквата „Свети Кирил и Методиј„, ќе се движи низ централното градско подрачје, и ќе застане пред општинската зграда. Тука, децата учесници во бадниковата поворка ќе бидат примени од градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, а потоа поворката ќе продолжи кон црквата „Свети Кирил и Методиј„.

Идејата за овие бадникарски детски поворки потекна од свештенството на МПЦ¬-ОА, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________