ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

НАД 106 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОПШТИНСКИТЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

Во општинскиот буџет за изградба и реконструкција на општинските патишта и улици во општина Гевгелија годинава се предвидени 106.400.000 денари или околу 1,7 милиони евра. Приоритет ќе биде даден за изградба на нови улици во новите станбени населби и за заобиколницата околу Гевгелија.

Со општинската Програма за локални патишта и улици во 2018 година предвидена е изградба на нови улици во станбените населби Караорман, Мрзенски рид и поранешна Касарна во Гевгелија, како и за нови улици во Негорци, Миравци, Богородица, Мрзенци, Предејци и Давидово, влезната улица во Конско и улицата кон црквата во Серменин. За изградба на нови улици годинава во општинскиот буџет се предвидени 35 милиони денари. Предвидена е и изградбата на заобиколниот пат околу Гевгелија, односно продолжувањето на Западниот булевар и новиот Јужен булевар. Со реализацијата на заобиколницата значително ќе биде растоварен градскиот сообраќај, посебно на улицата „Петар Мусев“, низ која минуваат сите патнички и товарни возила кои влегуваат во Гевгелија и се упатуваат кон улицата „Маршал Тито“. Проблемот е посебно изразен, бидејќи на оваа улица се наоѓа основното училиште „Крсте Мисирков“ и безбедноста на учениците е загрозена. Оттука и итноста од реализацијата на овој заобиколен пат околу Гевгелија, особено ако се има предвид претстојната  изградба на Конска брана и интензивирањето на товарниот сообраќај преку оваа улица.

Годинава во општина Гевгелија ќе продолжи реконструкцијата на постојните општински патишта и улици, како што е патот Негорци-Серменин и довршувањетоп на патот за Ума. За оваа намена во општинскиот буџет се предвидени 31 милион денари.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________