ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ ЈА ПРИМИ БАДНИКОВАТА ПОВОРКА

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ја прими Бадниковата поворка која за прв пат Гевгелиската епархија, како и во целата земја, ја организираше оваа возобновена православна традиција на свечено, величествено и достоинствено најавување на Христовото Раѓање. Во поворката, која тргна од црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ имаше околу 150 деца од нашата општина и голем број граѓани.

Пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, децата ја носеа  пригодно изработената пештера со која е претставено Рождеството Христово. По пристигањето на бадниковата поворка пред зградата на општина Гевгелија, најмладите беа примени од градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој на сите деца им подари божикни подароци. Притоа, тој им ги честита Божикните празници и им посака многу здравје и успех во натамошниот живот.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________