ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПРИОРИТЕТ- РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТАТА И ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ВО ОПШТИНАТА

Приоритет на општина Гевгелија во 2018 година ќе биде реконструкција и санација на сите училишта, како и на сите детски градинки.

За таа цел, во Општинската програма за комунално уредување се предвидени 74 милиони денари буџетски средтсва. За подобрување на условите за настава во образовните установи, покрај доградбата на 14 нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ за што се обезбедени средства преку кредит од Светска банка и сопствено учество, внимание ќе се посвети на подрачните училишта. Така, годинава ќе биде извршена реконструкција на покривот на подрачното училиште во Моин, а ќе биде санирано и подрачното училиште во Мрзенци.

Во тек е реализацијата на пренамената на дел од училиштето во Прдејци во детска градинка, а се предвидува реконструкција на преостанатите покриви на детските градинки. Покрај ова, со Програмата за комунално уредување во 2018 година предвидена е реконструкција на младинските домови во населените места Прдејци, Ново Конско, Моин, Петрово и Мрзенци.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________