ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

БЕЗ НАРУШУВАЊА НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Во изминатите празнични денови, поточно во периодот од 1 до 7 јануари во општина Гевгелија 2018 година немало нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Полициската станица во Гевгелија. Во текот на изминатата недела се случил само еден физички напад, а биле регистрирани само две сообраќајни несреќи. Сообраќајќите се случиле поради невнимание, при што две лица биле полесно повредени, додека пак од страна на редовните полициски контроли не биле регистрирани појави на учество во сообраќајот под дејство на алкохол.  

Единствено во изминативе празнични денови крадците не мирувале, бидејќи биле пријавени 8 кражби, и тоа, на обложувалница-1, влез на зграда-1, угостителски објект-2, стан-1, продавница-1. Притоа, биле украдени три мобилни телефони, исто толку термографи, велосипед, парични средства и златен накит, но и 4 литри струмичка мастика и 3 литри коњак. Од кражбите била причинета штета во вредност од 104.000денари.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________