ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СТИПЕНДИИ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Општина Гевгелија од годинава воведува нова можност за обезбедување на поголема заштита на децата со посебни потреби. На сите заинтересирани деца, кои посетуваат училиште, ќе им биде обезбедена стипендија. Тое не е единствената форма за заштита на децата со посебни потреби, бидејќи општината продолжува со обезбедувањето на бесплатен автобуски превоз на децата кои секојдневно го посетуваат Дневниот центар за деца со посебни потреби во Гевгелија. 

Инаку, општина Гевгелија ја продолжува и соработката со невладините организации, посебно, оние, како фондацијата „Аполонија“, кои активно се вклучени во згрижувањето на децата со посебни потреби. Во Гевгелија, во ООУ„Владо Кантарџиев“ беше отворена првата сензорна соба за деца со посебни потреби во земјата, а подоцна и првата терапевтска соба. За таа цел општина Гевгелија обезбеди простор, но, ја поддржа и иницијативата за отворање на центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“, кој претставува редок не само простор, туку и форма за едукација и социјализација на децата со посебни потреби.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________