ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

РЕКОНСТРУИРАНА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Како дел од проектот за подобрување на условите за работа на полициските службеници, целосно е завршена реконструкцијата на полициската станица на Железничкиот граничен премин во Гевгелија.

Станува збор за објектот на улицата „Борис Кидрич“ во кој беше сместена граничната полиција, која го опслужува железничкиот граничен премин. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по посетата на реконструираниот објект изјави дека заложба на МВР е да ги подобри условите за работа на полицијата.

-Целосната инвестиција на МВР е во висина од околу 3,5 милиони денари за овој објект со некаде околу 1.500 квадратни метри. Полицијата треба да биде добро опремена, да има добри услови, а на основа на тоа да бараме и подобра работа, подобра ефикасност и зголемена безбедност на граѓаните на Република Македонија. Вакви проекти ќе имаме во текот на целата 2018 година“, рече министерот Спасовски потенцирајќи дека не е исто на работа да се оди во стара униформа и во работни простории што се граничат со супстандардност или да се оди на работа со обезбедени услови за работа според сите стандарди. Во буџетот на МВР за 2018 година одвоени се 30.000.000 денари со кои ќе бидат уредени и реконструирани полициските станици во државата.Министерот Спасовски при посетата на Гевгелија оствари работна средба и со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________