ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОДОБРЕН ПРОЕКТ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА МСП

Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија (ФЛОРИТ) во 2017 година изработи проект за зголемување на конкурентноста  на МСП секторот каде што посебен акцент е ставен на микро компаниите. Потребата произлегува од  тешкиот пристап до финансии и ниското ниво на апсорпција на ЕУ фондовите кои се наведуваат како едно од најголемите ограничувања на  МСП секторот во Македонија.

Поддршката е потребна  не само во делот како да се започне сопствен бизнис, туку многу поважно, како да го управувате, развиете и направите вашиот бизнис профитабилен. 

Проектот ”SME knowledge accelerator”  (Акцелератор  на знаења на МСП) на ФЛОРИТ беше одобрен за финансирање од страна на ЕУ, по објавениот повик за „Подобрување на иновативноста на МСП и капацитетите за истражување и развој, соработката меѓу здруженија и компании со  универзитети и институти“. Во проектот се предвидени мерки и активности кои ќе им овозможат на микро компаниите (компании со број на вработени од 1-9 лица) да бидат конкурентни на пазарот преку подобра апсорпција на ЕУ фондовите. За реализација на овој проект, ЕУ преку нејзините фондови и одобри на ФЛОРИТ - Гевгелија и ко - апликантот „Организација на Жени - Штип“ 174.560 евра од кои што 10 % ги обезбедува ФЛОРИТ-Гевгелија како сопствено учество. Преку проектот, покрај другото, се планира зајакнување на менаџерите на ново формираните микро компании со знаење и компетенции, кои ќе им овозможат да ги развијат своите компании во успешни, одржливи и профитабилни бизниси.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________