ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Во текот на 2017 година до општина Гевгелија биле поднесени 25 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, од кои 8 биле поднесени од физички лица, а другите 12 од правни лица од целата земја. На сите поднесени барања општина Гевгелија позитивно одговорила, стои во Годишниот извештај за слободен пристап до информации од јавен

карактер што го усвои Советот на општина Гевгелија на денешната седница. Покрај тоа, советниците донесоа и одлука за ажурираната листа на информации од јавен карактер.

Покрај ова, Советот на општина Гевгелија го донесе Планот за запишување на ученици во I (прва) година средно образование во СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за 2018/2019 година, според кој се предвидува да бидат запишани 374 ученици во 11 паралелки во  гимназиско и стручно образование. Покрај можноста за запишување на 170 ученици во петте гимназиски паралелки, идните средношколци можат да се запишат и во три струки со 6 профили (од угостителска-туристичка струка, од машинска и од економско-правна и трговска струка).

Советот ја прифати иницијативата за ажурирање на процената за загрозеноста на подрачјето на општина Гевгелија од сите ризици и опасности, даде согласност на Годишната програма за изведување училишни екскурзии со ученици од ООУ "Климент Охридски"-Миравци во учебната 2017/2018 година, а донесе и  Одлука за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во општина Гевгелија.

Имено, Здружението на такси превозниците од општина Гевгелија покрена иницијатива за измена на цената во авто-такси превозот на патници поради континуираното покачување на цената на нафтата и зголемените трошоци. Во доставеното барање до Советот на општината, гевгелиските таксисти  побараа цената на стартот на возењето да биде 50 денари, но, наместо од 2 км, работењето на таксиметарот да почнува од 1,5 км. Исто така, по цената на чекање на патници од досегашните 5 да се намали на 4 денари по минута. Единствено, останува иста цената од 23 денари по изминат километар. Советниците го прифатија барањето на Здружението на такси превозниците.

На крајот од седницата, градоначалникот на општина Гевгелија одговараше на советнички прашања.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________