ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЕДУКАЦИЈА НА ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА МИГРАНТИТЕ

Регионален центар за одржлив развој-Гевгелија организираше обука на тема  "Методологија за едноставен пристап за пренос на знаења за термините бегалец, мигрант, миграција и трговија со луѓе. Обуката е дел од активностите  на проектот „Поддржи ме!Заштити ме! - јас сум човек“, во рамки на проектот „Помош на патот“

- Поттикнување на заштита на човековите права на мигрантите кои што поминуваат низ Македонија и Србија. Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Фондација Ана и Владе Дивац, Хуманитарен центар Нови Сад и Здружение на самарјанските работници.

На обуката беа присутни 14 наставници и професори од двете основни и едното средно училиште. На обуката учесниците се стекнаа со знаења за термините бегалец и мигрант,се обработуваа темите трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Во текот на самата обука беше истакната клучната  улога на образовните институции во однос на пренос на знаења и едукација на учениците за овие теми. На обуката беа прикажани кратки видеа за илегална миграција и трговија со луѓе. Исто така, беа споделени и искуства од страна на тренерот за работата со бегалци и деца бегалци од различна возраст во услови на бегалска криза. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________