ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШО ПОЦКОВ СО СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, на денешната средба со стопанствениците, информираше дека во законскиот рок е донесен буџетот на општина Гевгелија и дека за повеќето капитални проекти се обезбедени грантови, така што планираните буџетски средства можат да се пренаменат за други работи.

Сите започнати и проекти што допрва ќе се реализираа ќе придонесат за решавање на најголемите комунални проблеми во општината. А, со тоа значително ќе се подобрат условите за поповолна бизнис клима, истакна градоначалникот Поцков, нагласувајќи:

- Планираме до крајот на годината да заврши изградбата на водоводни и канализациони линии во Технолошко инвестиционо развојната зона ТИРЗ „Прдејци“, а со тоа да се создадат услови за нејзино профункционирање, односно да им понудиме на заинтересираните домашни и странски  инвеститори парцели. Ја ажуриравме постапката околу донесувањето на 25 урбанистички планови, кои се во постапка, а во оваа прилика сакам да нагласам дека вратите на мојот кабинет секогаш се отворени за секој стопанственик. Нашата идна соработка треба да се остварува со поединечни, но и на вакви редовни средби, а доколку постои интерес, ќе обезбедиме и присуство на одделни министри. Како форма за соработка можеме да ја користиме и Регионалната Стопанска комора, но, немам информација дали е активна и дали функционира, рече Поцков.

По излагањето на градоначалникот со стопанствениците беше поведен разговор за нивните идни планови, но и потреби на општина Гевгелија.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________