ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ЗАЕДНИЧКИ ДО ПОБРЗ РАЗВОЈ

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, на вчерашната средба со стопанствениците, информираше дека во законскиот рок е донесен буџетот на општина Гевгелија и дека за повеќето капитални проекти се обезбедени грантови, така што планираните буџетски средства можат да се пренаменат за други работи.

Сите започнати и проекти што допрва ќе се реализираа ќе придонесат за решавање на најголемите комунални проблеми во општината. А, со тоа значително ќе се подобрат условите за поповолна бизнис клима, истакна градоначалникот Поцков, нагласувајќи:

- Планираме до крајот на годината да заврши изградбата на водоводни и канализациони линии во Технолошко изнвестиционо развојната зона ТИРЗ „Прдејци“, а со тоа да се создадат услови за нејзино профункционирање, односно да им понудиме на заинтересираните домашни и странски  инвеститори парцели. И тоа, ќе го правиме не преку скапи реклами и презентации, туку преку вас, ќе излеземе во пресрет за реализација на вашите проекти и проектите на вашите партнери. За таа цел настојуваме да ја  ажурираме постапката околу донесувањето на 25 урбанистички планови, кои се во постапка. Нашата идна соработка треба да се остварува со поединечни, но и на вакви редовни средби, а доколку постои интерес, ќе обезбедиме и присуство на одделни министри. Бидејќи нашата цел е заедничка – да го поттикнеме локалниот економски развој и заедно со бизнис заедницата Гевгелија навистина да стане посакувано место за живеење, рече Поцков.

По излагањето на градоначалникот со стопанствениците беше поведен разговор за нивните идни планови, но и потреби на општина Гевгелија. Од страна на стопанствениците беше укажано на потребата од вистинска децентрализација на локалната самоуправа, обезбедување на повраток на средства од остварените приходи, посебно во казино туризмот, важноста на навременото донесување на урбанистичките планови, да се преиспитат образовните профили во средното образование и потреби на стопанството. Истовремено, стопанствениците ја поздравија можноста од организирање на вакви средби  со првиот човек на општината. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________